МИЛА ЦАРОВСКА ГИ СОБРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ЈУЖНА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ПОМОГНАТ ОКОЛУ ЗАВОДОТ ВО ДЕМИР КАПИЈА

0
2130

Oпштините се клучна алка во процесот на деинституционализација. Тие треба да се подготват за создавање социјални, здравствени, образовни и други услуги во самите локални заедници. Наша цел е овозможиме хумани и квалитетни услови за раст и развој на секое дете.

На денешната средба во Заводот Демир капија ја презентиравме нацрт Стратегијата за деинституционализација, во која се дефинирани стратешките столбови на реформата. На средбата присуствуваа заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски и градоначалници и претставници на општини во кои постои можност за вклучување во првата фаза на деинституционализацијата.