ТАРАВАРИ ГО МИНИРА СОБРАНИЕТО СВИКАНО ОД СЕЛА, ЌЕ ОДРЖИ СВОЕ

0
234

До вжештување на ситуацијата доаѓа откако вчера на барање на Кадровската комисија на Алијанса за Албанците беа разрешени директорите на АД „Македонски пошти“ и на Агенцијата за странски инвестиции Бујаре Абази и Газменд Авдија и на нивно место се именувани кадри поддржувачи на Села. Се очекува Владата да побара Собранието да ги разреши и министрите за здарвство и за информатичко општество Фатмир Меџити и Азир Алиу, откако тие јавно порачаа дека нема да поднесат оставки од функциите.

– Кој ги овласти и нареди смена на директорите и на министрите. Според Статутот на партијата Комисијата за кадровски прашања предлага до Централното претседателство смена на функционери. Централното претседателство не заседавало. Со кого се консултирале за разрешувањата. Кој го овласти вицепремиерот Артан Груби да разрешува директори од Алијанса за Албанците? Владата изврши пуч врз Алијанса. Првата одлука на првиот премиер Албанец Талат Џафери е разрешување на директори Албанци. Што е Груби вршител на должност на Алијанса за Албанците – вели во изјава за „Слободен печат“ пратеникот Халил Снопче кој застана зад Таравари.

Тој е дециден дека Таравари и неговите поддржувачи нема да присуствуваат на Централното собрание кое Села како претседател на највисокиот партиски орган го закажа за в сабота, во Скопје. Можно е Централното собрание да пропадне односно да нема мнозинство за да заседава. Токму на тоа работат поддржувачите на Таравари. На прашањето дали Собранието кое тие ќе го свикаат ќе биде легитимно, бидејќи, највисокиот партиски орган го свикува претседателот, во случајов Села, Снопче вели:

– Со двотретинско мнозинство на членовите може да свикаме седница на Централното собрание. Работиме да обезбедиме двотретинска поддршка, односно да добиеме потписи на 90 од 133 члена. Засега имаме поддршка од 80 членови на Централното собрание. До ова немаше да дојде ако поддржувачите на Села почекаа прво да се одржи Собранието па потоа да бараат разрешувања на директори и министри. Бидејќи тие не го почитуваат Статутот и почнаа со чистки на функционери од таборот на Таравари, нема зошто ние да одиме на Централното собрание свикано од Села. Ќе одржиме свое – вели Снопче.

Наместо смирување на ситуацијата, очекувањата се дека паралелните Собранија само дополнителни ќе ја вжештат и онака напнатата атмосфера во партијата. Ова од друга страна значи и дека веќе ни Таравари, ни Села не прават обиди за комромисно решение и за зачувување на единството на Алијанса, која веќе е поделена