Дејан Митревски- Урко, кој беше шеф на обезбедувањето на Никола Груевски е правосилно УСЛОВНО осуден за сообраќајката во која животот го загуби 22 годишно момче

0
7653

Почитуван, бидејќи редовно го следам вашиот портал и при тоа ја ценам вашата објективност во известувањето, би сакала да ве информирам дека пред 20 тина дена Дејан Митревски- Урко, кој беше шеф на обезбедувањето на Никола Груевски е правосилно УСЛОВНО осуден за сообраќајката во која животот го загуби 22 годишно момче.

Ова е уште еден преседан на Македонското судство кое очигледно попушти под страотниот притисок на ВМРО- ДПМНЕ со цел Урко да добие смешна казна. За потсетување, бидејќи работам како службеничка во Основен суд Скопје 1 Скопје, ваква пресуда досега немам сретнато.

Ален Зекиров бар беше осуден на 6 месеци затвор, иско и тоа е премалку, но ова со Урко е невидено. Очигледно ВМРО- ДПМНЕ сеуште царува во судовите. Додека некои луѓе за украдени ќебапи лежат по 3 годими затвор, други за тепачки по кафани по 2 години, телохранителите на ВМРО УСЛОВНО лежат за убиство.

И да не ве чуди ова, ерата на Урковци и малтретирање на граѓаните беше и една од главните причини зошто младите од Скопје свртеа грб на ВМРО. Зачудена бев зошто 20 дена ниеден медиум не ја објави оваа сензационална пресуда. Ве молам за анонимност.

Писмото од анонимен читател е објавено на зидот на новинарот Зоран Божиновски