СУДИИТЕ САКААТ ДА БИДАТ НЕЗАВИСНИ, НО ЗНААТ ДЕКА ЗА СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗАВРШАТ ТРЕБА ДА СЕ ОБРАТАТ ДО ПАРТИЈА, КАЖАЛ СУДИЈА ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

0
566

Политиката никогаш нема да одолее на искушението да врши притисок врз судството и да го контролира, се додека политичката цена за тоа не е доволно висока за да престанат тоа да го прават, смета професорот Денис Прешова. Тој во интервју на „Топ тема“ на Телма порача дека политичката цена ќе стане висока кога судиите ќе се отворат, ќе се одважат бидејќи поопасно од партизацијата е индиферентноста и себичноста на судиите.

Како едно од решенијата предлага да се посвети многу поголемо внимание на менување на судската култура. Според неговото искуство со судиите, тие секогаш бараат решение од некој друг, инструкции од некој друг, не се перцепираат себеси како посебна власт.

-Во една прилика, во едно интервју ќе речат, нема да кажам од кој е цитатот, секако анонимни беа интервјуата, судиите многу сакаат да бидат независни, но многу добро знаат дека ако нивното дете, или некој нивни близок треба да се вработи, тоа ќе го сторат само преку партија, или најчесто преку партија. И дека ако имаат потреба од нешто друго, ќе треба да се обратат до партија. И тоа е цитирано во еден од трудовите што го имаме во однос на истражувањето на судската култура во регионот, во Македонија, Албанија и Србија, и тоа е внесено во рамките на тоа истражување, рече професорот Прешова.

Според професорот по Уставно право, дека првичната форма на зарбена држава којашто беше констатирана во време на владеењето на Никола Груевски, сега е заменета со друга формана заробување.

-Прибе во својот втор извештај 2017 година, односно неговата експертска група , многу јасно упатија во тој извештај да не се замени една форма со друга форма на заробување. За жал, јас сметам дека ние веќе сме навлезени во таа друга форма на заробување. Единствено поради овие разидувања немаме уште подлабоко загазено во таков вид на заробување, рече професорот Прешова.Тој забележува дека по разрешувањето, поранешната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, иако негодувала, сепак не поднела ниту една документ до институциите за хаосот што настана во Судски совет.