Грујо и кум Ставре им начукаа на Македонија и на идните поколенија долг за нови 83 милиони евра!!!

0
918

stavreski-gruevski-taleski

Бордот на директори при Светска банка на први октомври одобри заем од 83 милиони евра за Проектот за надградба и развој на патиштата во Република Македонија.

Целта на проектот е да ја подобри транспортната поврзаност за корисниците на патиштата долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и граничниот премин Деве Баир, како и да го подобри управувањето со средства и планирањето на Јавното претпријатие за државни патишта.

Проектот за надградба и развој на патиштата е финансиран од Меѓународната банка за реконструкција и развој (ИБРД) преку заем во износ од 83 милиони евра со рок на доспевање од 28 години, вклучително и 8 години грејс период.