СТОЈАНОСКА : ЏАФЕРИ НЕМА ОСНОВ ДА ГО ОТФРЛИ РЕФЕРЕНДУМОТ, ПРАВИ ПРАВНА ГИМНАСТИКА ЗА БЕГСТВО ОД НАРОДОТ

0
551

Талат Џафери во минатото имал многу улоги, а денес противправно си ја додаде и улогата на уставен судија. Толкување на Уставот е работа единствено на Уставниот суд.

„Прво, прават правни гимнастики за да ги избегнат народот и неговиот став за договорот“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Второ, бегаат од соочување со народот затоа што се свесни за две работи. Првата: знаат дека ќе има одѕив, втората: знаат дека народот е против договорот, кој е извор на асимилацијата што СДС и Ковачевски ја спроведуваат. Трето, Талат, наместо чувар на Уставот, стана шампион во кршење на Уставот. Нема друг случај во светот, каде што претседател на Собрание толкува Устав затоа што тоа е единствено во надлежност на Уставниот суд.

Референдум за поништување на Законот за ратификација на договорот со Бугарија е во согласност со чл. 24 од Законот за референдумот и не е во спротивност со Уставот. Чл. 24 од Законот за референдумот овозможува да се прави референдум и за меѓународни договори.

Четврто, ВМРО-ДПМНЕ има референдумско прашање со кое не ја менува содржината на договорот, туку го оспорува Законот за ратификацијата, со кој тој се прогласува за важечки.

Петто, антимакедонскиот СДС бега од македонскиот народ и од другите граѓани што се против коалицијата СДС-ДУИ и не ја заслужуваат нивната доверба. Се плашат и бегаат од избори, се плашат и бегаат од референдум, но нема да избегаат од следниот изборен пораз по кој следува одговорност пред законите и пред Уставот.

Ова само дополнително ќе ги заостри односите во Собранието и ќе ги зголеми поделбите. За сето ова, единствено одговорна ќе биде власта“, порача Стојаноска.