ТРИ ЛИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ НАПАД ВРЗ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА АРАЧИНОВО

0
522

– Почитувани жители на општина Арачиново и поширока јавност, за жал, денес 13.09.2022 година (вторник), во раните утрински часови на почетокот на работното време, за време на извршувањето на службената должност како градоначалник на општина Арачиново бев предмет на напад од група неодговорни, несвесни и бесрамни лица, кои сега се познати на органите на прогонот. Без никакво предупредување и образложение, групата веднаш влета во напад, кој прво беше вербален, а потоа и физички, што според кривичниот законик на Р.С.М. претставува тешко кривично дело – пишува Ибраими.

Тој додава дека причини за нападот се нереализирање на нивни лични и деловни барања.

– Демек со моите постапки како градоначалник им се уништиле сметките. Најпрво бараат именувањата на директорите на основните училишта да се вршат според нивните барања, без да исполнуваат никакви законски критериуми, но преку кои полесно ќе ги остварат своите цели и ќе бидат во нивна служба. Намерите на оваа група имаат лоша позадина, кои се на штета на жителите на општината, заканувајќи се и уценувајќи ги многубројните екипи кои ги извршуваат своите работни задачи, а кои се дел од разни проекти. На оваа група несвесни луѓе, како и на многу други, известувам дека целта на кандидирањето за градоначалник не беше тоа што дојдов од улица, невработен, ниту да се збогатам или да се поврзувам со валкани бизниси. Mоите и намерите на мојот персонал беа и се благородни и чисти од секаква криминална прашина – вели градоначалникот.

Првиот човек на Арачиново истакнува дека без разлика на природата на нападите, вербални, физички, медиумски или виртуелни, нема враќање назад од овој свет пат што го тргнавме.

Сите што сакаат да имаат корист на сметка на народот нека си го стават ова во глава. И за време на изборната кампања го дадовме нашето ветување дека НИКОГАШ нема да ги разочараме луѓето што ги претставуваме. Затоа, не престануваме да реализираме капитални проекти за жителите на општина Арачиново. Вложуваме максимални напори на секој жител да му понудиме најдобри можни услови за нормален живот. Ваквите напади на овој начин уште повеќе не зајакнуваат, а нè да не заплашат. Оттаму апелирам, прво до најблиските членови на семејството, потоа до пријателите, поддржувачите, до сите кои заедно го следат овој пат, да не станат плен на вакви ниски провокации од неодговорни, несвесни луѓе, бесрамни, кои имаат ја изгубиле животната ориентација, кои ја изгубиле целта на својот живот. Нашиот заеднички пат е „Ние му служиме на нашиот народ со достоинство и чест“. Исто така, бидејќи сега ги имаме сите докази за овој срамен случај, ги повикувам надлежните органи на обвинителството и јавниот ред да ја вршат својата службена должност и одговорните за ова тешко кривично дело да се појават пред органите на правдата и еднаш и за сите, секој што има такви криминални намери, нека ја добие заслужената казна – пишува Ибраими.

Од министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново.

– Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ – стои во соопштението испратено од МВР.