КУРТО ДУДУШ ЗА КОАЛИЦИЈАТА СО ДУИ : КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ ДАВААТ САМО ДИРЕКТОРСКИ МЕСТА, А АХМЕТИ ДАВА МИНИСТЕРСКО

0
429

Бевме во преговори и со други, но тие ни нудеа само директорски места. Сметаме дека тоа е поцетнување на Ромите. Затоа се одлучивме за ДУИ и целиме и кон извршната власт, односно позиции министер и заменик-министер – рече Дудуш во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Лидерот на Унијата на Ромите, Курто Дудуш вели дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на Ромите им го понудиле тоа што го правеле години наназад – само директорски места, па затоа одлучил да се приклучи на „Европскиот фронт“ на Али Ахмети од каде што добил подобра понуда.

– Бевме во преговори и со други, но тие ни нудеа само директорски места. Сметаме дека тоа е поцетнување на Ромите. Затоа се одлучивме за ДУИ и целиме и кон извршната власт, односно позиции министер и заменик-министер – рече Дудуш во емисијата „10 минути“ на ТВ21. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, синоќа во Шуто Оризари потпиша коалициски договор со Сојузот на Ромите, со кој оваа партија станува дел од „Европски фронт“.Ахмети го потпиша договорот со лидерката на партијата Фатма Османовска.