МАРИЧИЌ : ИСКУСТВОТО КАЖУВА ДЕКА ЧЕКАЊЕТО НЕ НИ ЈА ПОДОБРУВА ПОЗИЦИЈАТА

0
347

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања/Фото: Влада на РСМ
„Клучна е политичката волја. Веќе имаме искуство дека чекањето не ни ја подобрува позицијата“, изјави вечерва во гостувањето на телевизијата „21“ вицепремерот задолжен за евроинтеграциите, Бојан Маричиќ.Тој вели дека проблемот со Грција не исчезнал, туку моравме да потпишеме договор.

„Ние условите не можеме да ги менуваме, тие се условите. Преговарачката рамка е таа, и од нас зависи дали ќе ни биде отворена вратата од ЕУ. Неправедна била ЕУ кон нас, бидејќи перцепцијата на граѓаните е дека треба да ги задоволиме апетитите на соседите кои веќе се дел од ЕУ. Но, факт е дека сите држави имаат билатерални спорови. Да не заборавиме дека Косово е дел од преговорите на Србија со ЕУ“, додаде Маричиќ.