БУГАРСКА РАБОТА: СЕ КУПУВААТ ГЛАСОВИ ЗА 50 ЛЕВА

0
801

Еден глас чини 50 лева во најсиромашниот регион во Бугарија, Видин, во северозападниот дел на земјата. Ова го објави телевизијата БТВ во новинарската истражувачка сторија. Според сторијата, во видинските села лесно може да се купат гласови. Човек кој се претставувал како Спас од Медовица бил снимен со скриена камера. Објаснува дека на секого му се даваат 50 лева, а на самиот него му се даваат 10-15 лева по гласач.”

Поради сомневања за купување гласови, извршени се претреси во регионот на Плевен, објави БТВ. Има информации за луѓе кои се превезуваат со минибуси до избирачките места. Тие биле исплатени по гласањето. Постојат сигнали и за давање пари низ куќи во градот.

Од почетокот на кампањата започнати се 33 истраги за разни изборни повреди, соопшти обвинителството. Осомничен за купување гласови доби условна казна од 11 месеци.