СТОИЛОВСКИ : СДС 7 ГОДИНИ НЕ ГО САНИРА СВЛЕЧИШТЕТО КАЈ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НА ПАТОТ КОН ЕУ

0
175

Пресконференција на Гоце Стоиловски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.

Почитувани,
Се наоѓаме на магистралниот пат А3, Штип – Делчево. Ова позади нас е резултат на некадарноста и неспособноста на власта во заминување, предводена од ДУИ и нејзиниот момок СДСМ.
Овој правец, е единствениот кој што во овој регион не поврзува со Европа, односно со нашиот источен сосед Република Бугарија.
Оние кои што зборуваат секојдневно за европски вредности и за добрососедство, не се способни повеќе од 7 години ова свлечиште да го санираат. Доколку овој нанос, би се зголемил и би бил од поголем обем, магистралниот пат повторно би бил затворен. Тоа би значело дополнитело време и дополнителни финансиски импликации на жителите од Македонска Каменица кон Кочани и останатите градови.
Никогаш не било полошо во Македонија!
Време е за избор, хаос или ред.
Важно е да ги поразиме.
Овојпат, Македонија знае и ќе избере што е добро!