ПОРТПАРОЛКАТА НА АРСОВСКА ВЕЛИ НОВИНАРОТ ЛАЖЕ ДЕКА ГО НАПАДНАЛА

0
505
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира во однос на вчерашниот инцидент кој се случил по седницата од која новинарот Мартин Арсов од ТВ Сител известувал и бара од администрацијата на Градот да го расчисти до крај случајот, за да нема шпекулации во јавноста но и ризик од слични инциденти во иднина.

Според изјавата на Арсов, тој откако завршил со вклучувањето во живо во вестите на ТВ Сител, бил навредуван и физички нападнат од страна на лицето задолжено за односи со јавност во Град Скопје, Кристина Депо, за што тој објави: „Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот“.Денеска до ЗНМ пристигнало демант од Град Скопје во кој има изјава од портпаролката Депо, каде што се отфрлаат тврдењата на колегата Арсов во врска со инцидентот:

„Во конкретниот случај за настанот кој се случи на 31.08.2023 година околу 16:22 часот во Советот на Град Скопје новинарот Мартин Арсов буквално изнесе лаги во средствата за јавно информирање клеветејќи ме мене, Кристина Депо дека бил физички нападнат. Јас и Градот категорично ги отфрламе изнесените лаги од страна на новинарот Мартин Арсов“ – вели портпаролката во нејзината изјава.