СПАСОВСКИ : КОМАНДИРОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО РОПОТОВО Е ВО ПРИТВОР, ЌЕ ОДГОВАРА СЕКОЈ КОЈ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ

0
386

Командирот на полоциското одделение во Ропотово кој пукал на семејна веселба се наоѓа во притвор и покренати се дисциплински постапки, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасосвки.

-Не само што ќе извршиме контроли, туку секој кој го прекршува законот ќе одговара кривично, изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Тој ова го изјави во одговор на прашањето дали ќе се извршат поголеми контроли на полициски службеници кои користат оружје во приватни цели, како што беше случајот со командирот на полициското одделение Ропотово.

-Постапувањето за овој случај ви дава јасен одговор. Не само што ќе извршиме контроли, туку секој еден кој го прекршува законот ќе одговара кривично. Тој што нелегално користел оружје, кој што злоупотребува законски овластувања се наоѓа во притвор. Покренати се дисциплински постапки во овој дел и секако дека најстрого ќе се казнува. Исто како што имавме случај пред некое време на упатена закана од полициски службеник кон наставник, истиот тој полициски службеник е суспендиран, изјави Спасовски, кој присуствуваше на почетокот на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот” во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”.Тој потврди дека на ист начин ќе се постапува кон секој оној кој што се однесува надвор од своите овластувања.

-Затоа постои Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, затоа формиравме посебно одделение кај народниот правобранител, a се создаде и посебно одделение во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои што постапуваат во однос на злоупотребата на полициските службеници, не само во МВР, туку и полициски службеници во судската полиција и во затворската полиција, кои што не се под МВР, додаде Спасовски.

Тој порача дека не смее да има никаква селективност во примена на законот по кој било основ, без разлика дали станува збор за национална, верска, политичка припадност, припадност на одредени институции.-Секој кој ќе го прекрши законот ќе мора да сноси одговорност, затоа што никој во оваа држава не може да биде посилен од државата, изјави Спасовски.