БЈБ на чело со Сашо Тасевски повторно во акција, пронајдено големо количество оружје во струшкиот регион

0
951

Во големата полициска акција само до овој момент се пронајдени 30 сандаци со муниција, во кои имало и неверојатни 100 ракетни гранати и 16 рачни ракетни лансери.

Нашата редакција дојде до ексклузивни сознанија за масивна полициска акција во околината на Струга, каде што е пронајдена огромни количества оружје и муниција. Откако добила оперативни сознанија од теренот, македонската полиција утринава пронајде сандаци со муниција во кои имало и РПГ гранати.

Во моментов, во тек е ископувањето каде што првично е пронајдено оружјето и муницијата. Само до овој момент се пронајдени 30 сандаци со муниција, во кои имало и неверојатни 100 ракетни гранати и 16 рачни ракетни лансери. Ископувањето на оружјето и муницијата е во тек, очекуваме нови и официјално соопштение од МВР.