За три месеци ќе бидат опремени 10 судници за онлајн судења, најавува Маричиќ

0
666

До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување онлајн судења, најавува министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

– Мора да ги користиме придобивките на модерната технологија доколку сакаме да сме во тек со современите текови. Веќе знаете дека судот во Кавадарци одржа онлајн рочиште, а тоа треба да ни биде и мотив дека тоа е можно и во Северна Македонија, вели Маричиќ.

Во 2021 година, како што истакнува Маричиќ, ќе се интензивира работата на внесување на потребните одредби во законските решенија, а дополнително ќе се работи на обезбедување на потребната опрема и кадар за непречено одвивање на процесот.