Заев: Груевски е кукавица и денеска избега од дуел

0
1282

Сакам да го повикам Груевски да прифати дуел уште неколку дена останаа требаше денеска во 10 часот да биде на телевизијата 24 Вести отидов празно столче го нема Груевски. Ако избегаш тоа значи дека си кукавица. Куманово секогаш беше симбол на соживотот, сакам вечерва да изразам почит и да се поклонам за тоа што Куманово до направи на 9 и 10 мај 2015 година затоа што го соживотот ги руши сите сценарија на власта, сплотеноста е нашата енергија нашата иднина нашиот заеднички успех. За ова што му го направија ќе мора да одговараат ветувам дека ќе се борам да се открие вистината да се покрена меѓународна истрага зошто влегоа тие луѓе, целата вистина за кумановските настани мора да биде обелоденета и ќе ја обелодениме. Не може Македонија да биде загарантирана држава со скриени вистина за смртта на Младенов, Нешковски, четирите деца кај Смиљковско езеро, Диво Насење, граѓаните заслужуваат целосна вистина и откривање на за правите мотиви за ваквите настани.

Еве не денес сплотени како едно, Македонци Албанци, Бошњаци, Турција, Египѓани. Се плашат Груевски и Ахмети до ова наше единството, зошто неспособни се да направат нешто за овој народ, го лажеа и го ограбија, преку глава ни е оди поделби, етнички партиски, социјални. Вака сплотени ќе докажеме дека силата е во сплотеноста.

Затоа уплашени лажат и велат федерализација и катонизации, кој од Албанците побарал од Заев федерализација, никој, тие бараат повеќе пари во семејството, образование за своите деца, здравство што ќе лечи, бараат заеднички живот во оваа наша Македонија.

Груевски збори дека Заев бил виновен за се, а 10,5 години Груевски е премиер, и уште 4 беше премиер, а Заев нема ниту ден во извршната власт. Заврши времето на лажги, доаѓа време кога треба да се сработи, да му покажеме на целиот свет дека оваа земја има работлив народ, сонце, плодно земјиште, ако нему е јасно на Груевски дека во Македонија може д се живее подобро ај марш таму во опозиција и нека гледа како се враќа живото во Македонија.

Македонија е разбудена на нозе е, знаат сите веќе победивме режимот го клекнавме на колена, на сите им е јасно. Две годни се бориме за фер избори, знаат дека губат можно е да се обидат со заплашувања, закани, ученување поткупување, мора да има слободно изразена волја секој што се заканува што го плаши или поткупува народот ќе одговара, казната е од три до пет години затвор. Да не им падне на памет да го плашат, поткупуваат и да му се закануваат на народот, зошто по 11 декември доаѓа 12 декември, а тогаш Груевски нема да е премиер, Заев ќе биде премиер и тогаш ќе се одговара со затворски казни.

Ќе победиме со разлики од 5 до 10 пратеници ќе формираме стабилна влада со која ќе се гордеат сите граѓани на Македонија.
Ќе покажеме дека е можно да падне режим без капка крв, ќе ја познаваат Македонија и по тоа.

Повеќе од 650 милиони евра се дадени за „Скопје 2014“, а вистината кажува дека овој проект не е само за да го разобличи и промени ликот на Скопје, туку е и осмислено сценарио на квази патриотите за да го променат мислењето на меѓународната заедница во процесот на решавање на спорот со името. Заради овој проект ја изгубивме поддршката. Со тоа Македонија е биде подалеку од ЕУ и НАТО, а ако е подалеку никој не ги контролира буџетските пари. Само заради пари ваквите квази патриоти ги продале нашите интереси – рече Заев.