СТАНКОСКИ : ПО РАСПАДОТ НА СФРЈ ТКП ГО ИЗГУБИ ПАЗАРОТ ОД 22 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ СО ШТО ВО ТОЈ ПЕРИОД СЕ ПОЈАВИ ПРОБЛЕМОТ НА ПРЕВРАБОТЕНОСТ ПА ОД ТОГАШ КОМБИНАТОТ ОПСТОЈУВА И ЗАВИСИ ОД ПОДДРШКА НА ДРЖАВАТА ПРЕКУ ДОТАЦИИ

0
362
  • Сосема нормално е што во еден така долг период на постоење имало подеми и падови. ТКП од фирмирањето па во следните осум децении се занимавал со откуп и обработка на висококвалитетен ориентален тутун од типовите „прилеп“  и негова продажба на познати светски компании. Ова била примарна дејност со децении, односно сé до 1955 година од кога Комбинатот навлегува во бизнисот со цигари преку основање на претпретпријатие за производство на цигари од типот американ бленд.

    По осамостојувањето на државата, т.е со  распаѓањето на СФРЈ  го снема дотогашниот единствен пазар. Комбинатот беше димензиониран за земја од 22 милиони жители, така што по осамостојувањето се појави проблемот со превработеност што во тој период неминовно повлекуваше загуби. Оваа состојба траеше две децении, што го доведе работењето и опстојувањето на ТКП да зависи од  постојана поддршка на државата преку дотации, како негов мнозински сопственик.

Кире Станкоски, генерален директор на ТКП во интервју за порталот ,,Фактор.МК”.