Ставрески ефектно ги претрка Пешевски и Јолевски!

0
1052

Така ви е тоа: по првото вшетување на Груевски во суд во својство на осомничен за тешки кривични дела, почнаа разделбите околу него. Користам прилика јавно да му се заблагодарам на бившиот министер за финансии Зоран Ставрески за неговиот оригинален придонес во демонтажата на режимот на г. Груевски. Имено, неговите телефонски разговори со Гордана Јанкулоска остануваат како едно од најсериозните историски сведоштва за природата и општеството на овој режим, не само заради изречените антологиски оценки за тоа каде отиде Македонија на економски и финансиски план за време на неговото управување со јавните пари, туку и заради непроценливата aудио-оставина за расветлувањето на антрополошките односи во Фамилијата и нејзините кадровски и политички орбити.

ЕКОНОМИЈАТА КАКО ПОДВИЖНА МЕТА

Токму тие разговори се причината што за Ставрески во македонската јавност постои одредено сожалување, па дури и симпатија заради потрошениот талент – демек, тој е голем познавач на економијата и финансиите, одличен макроекономист со отворени врати низ светските банкарски и финансиски институции, ама опкружен со амбициите за потрошувачка на лудаците – патем, во прислушуваните разговори Ставрески, коректно, цело време во прво лице множина говори „ние сме лудаци“ и „ние сме ненормални“ – правел што можел… Луѓето забораваат дека токму Ставрески е еден од најсилните столбови на идеолошкото и политичкото лудило на Груевски, буџетскиот „фасадер“ на режимот, „чадорот“ на сите криминали на Фамилијата, крутиот сметководител со студена глава во чии „црни тефтери“ ќе најдете сè што недостасува во тефтерите на Јанкулоска.

Според сите објективни параметри, со импресивни десет години зад себе, тој е еден од послабите министри за финансии во независна Македонија. Во својата оставка тој вели дека, за време на неговиот мандат, била „сериозно намалена невработеноста“ – единствен сериозен статистички податок, за време на неговиот мандат, што уште го очекуваме е оној за иселувањето на македонските граѓани од државата, па не е јасно како со таков масовен одлив на невработени се постигнаа така слаби резултати во сферата на намалувањето на невработеноста?! Потоа Ставрески вели дека е заслужен за „значително подобрување на бизнис-климата“ – кхххх-ха-ха-ха-ха, тоа ти е кога ќе создадеш атмосфера околу тебе никој сериозен да не може да ти зуцне, а по свадби и приватни забави се дружиш само со два-тројца тајкуни на Фамилијата и со едно другарче од Светска банка!

Па додава дека се забележени „високи растови на економијата и извозот“ – уште погласно кхххх-ха-ха-ха-ха, бидејќи за десет години, со сите статистички фалсификати и произволности, Македонија не успеа да мрдне од прагот на еден, најблаго речено, анемичен економски раст (делува како лична навреда да го упатите Ставрески да ги спореди годините на неговите економски растови со годините на растот на економијата за време на владеењето на СДСМ), а за растот на увозот и за структурата на извозот не вреди ни да се зборува. Без срам и перде, Ставрески како успех си го припишува и „носењето на многу инвеститори“ – во земјата Македонија која е на апсолутното европско дно на сите дна, и релативно споредено и во апсолутни цифри изразено, на привлекувањето на странски инвестиции; освен ако под „носењето на многу инвеститори“ Ставрески не мисли на нивните туристичко-гастрономски прошетки низ земјава, со такви манекенски легенди како Субрата Рој и слични, од кои некои маестрално помогнаа во перењето на парите на Фамилијата украдени од Буџетот, кој беше во надлежност – види чудо – токму на Ставрески.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ