СРЕДНИОГ ИГРАЧ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ФРЕД РОДРИГЕЗ ЗАМИНУВА ЗА ФЕНЕРБАХЧЕ

0
420

Манчестер Јунајтед доведе неколку врвни засилувања летово (Маунт, Онана, Хојлунд), но сега дојде ред „црвените ѓаволи“ да продадат дел од фудбалерите на кои Тен Хаг не смета сериозно.

Хари Мегваер се наоѓа пред трансфер во Вест Хем, а последните информации говорат дека „ѓаволите“ нашле купец и за Бразилецот Фред, кој стана прекуброен во средниот ред по доаѓањето на Маунт. Фред кариерата ќе ја продолжи во Турција, и тоа во дресот на Фенербахче, откако овој клуб продолжи со звучни засилувања и се согласи да ја плати сумата од 15 милиони евра што Јунајтед ја бараше за бразилскиот интернационалец.