Според италијанскиот новинар на СкајСпорт, Фабрицио Романо од раководството на Тотенхем на чело со Даниел Леви ја прифатиле понудата на Баерн Минхен за трансфер на Хари Кејн и најверојатно фудбалерот ќе се пресели во Германија.
Според „The Athletic“ клубот од Минхен се договорил со Тотенхем за трансфер на 30-годишниот напаѓач. Спарс прифати понуда вредна над 100 милиони евра
Сега одлуката за преселба во бундеслигашот останува на играчот.
Договорот на Кејн со Тотенхем е до 2024 година.