ДО 5.000 ЧЕКОРИ НА ДЕН Е ДОВОЛНО ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ

0
484

И помалку од 5.000 чекори дневно се доволни за одржување на здравјето и добрата форма на телото, покажува ново истражување, иако досега преовладуваше мислењето дека се препорачуваат 10.000 чекори на ден.

Научниот труд на американски и полски научници, во којшто се вклучени повеќе од 226.000 луѓе ширум светот, покажа дека одењето 4.000 чекори дневно се доволни за да се почне со намалување на опасноста од прерана смрт од која било причина, јави Би-би-си.

Малку повеќе од 2.300 чекори дневно се доволни за здраво срце и крвни садови, велат истражувачите, наведувајќи дека колку луѓето се поактивни, толку повеќе придонесуваат за нивното здравје.