СОРАБОТКА СО ГРЦИЈА И ВО ЗДРАВСТВОТО, ФИЛИПЧЕ: ГРЦИЈА НИ ИСПРАТИ 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ АСТРА ЗЕНЕКА

0
701

Денес пристигна донација од 100 000 вакцини на производителот Астра Зенека од нашиот сосед Република Грција. Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата, Зоран Заев.

Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е. Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините.

Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно нашата стратегија за вакцинација. Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат.

  • ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ