СРЕДБА НА ТОШКОВСКИ СО МИНИСТЕРОТ И ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

0
224

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамките на денешните активности се сретна со Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски. На средбата се разговараше за дел од активностите кои вклучуваат соработка на двете министерства.

Во таа насока одлучено е заеднички да се вложат напори за подобрување на системот за закажување за лични документи, со цел да им се излезе на граѓаните во пресрет и да се забрза овој процес. Исто така, во наредниот период ќе се разгледа можноста за реализирање на пилот проект кој ќе се спроведе во координација на двете министерства.