(ФОТО) Денеска се руши бетонската база од советникот Нефи Усеини

0
712

Екипи на Општинскиот и на Државниот градежен инспекторат со механизација почнаа со демонтирање на базата за производство на бетон, лоцирана на самиот излез од Охрид на стариот пат кон Струга. Базата се наоѓа во непосредна близина на хотелот чие уривање започна пред четири дена.

Станува збор за објект изграден минатата година од страна на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Советот на Општина Охрид, за која веднаш беше издадено решение за уривање, со забелешка дека се работи за нелегално изграден објект. За самата база беше соопштено дека е изградена на земјиште на Исламската верска заедница, доделено по пат на денационализација.

Истраги во фирмите на охридскиот советник Нефи Усеини

Усени за телевизија Телма изјави дека сам ја урива бетонската база, бидјеќи бил обвинуван дека поради него Охрид може да го загуби статусот на УНЕСКО. Охридскиот советник во последно време стана познат откако отвори локал дивоградба во заштитеното подрачје на Охрид.