СРЕДБА МИЦКОСКИ – БРАУН : РЕАФИРМИРАНА ОДЛИЧНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ФОНДАЦИЈАТА КОНРАД АДЕНАУЕР И РАЗГОВАРАНО ЗА ПРОЕКТИТЕ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

0
177

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со  потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски и партискиот секретар за меѓународна соработка Стефан Андоновски денеска се сретнаа со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Македонија.На средбата на претседателот Мицкоски со директорот на фондацијата Конрад Аденауер, Браун беше реафирмирана одличната соработка помеѓу партијата и германската фондација.

Претседателот Мицкоски и директорот на фондацијата во Македонија, Браун разговараа за програмата и проектите кои се планирани да се претстават пред граѓаните на претстојните избори во Македонија.На средбата помеѓу претседателот Мицкоски, потпретседателот Муцунски и секретарот за меѓународна соработка Андовски стана збор и за општата политичко-економска состојба во Македонија.Мицкоски и Браун заклучија дека и во иднина продолжува одличната соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и КАС.