ЕСКАЛИРААТ ОДНОСИТЕ СДСМ – ДУИ: БОМБА НА КИРАЦОВСКИ – ЏАФЕРИ НЕДЕМОКРАТСКИ ЗАБРАНИ РАСПРАВА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК!!!

0
1622

Не знам кои се побудите за вaквата одлука на претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери да спречи Јавна расправа за толку битно прашање (измените на изборниот законик), но уште веднаш можам да констатирам дека истите се недемократски, ограничувачки и од теснопартиска природа.

Имено досега без проблем се имаат организирано повеќе jавни расправи за закони поднесени по скратена постапка, како на пример „Закон за данокот на личен доход“, Закон за минерални суровини“, „Предлог на закон за изменување на законот за заштита од пушењето“, а предлозите за јавните расправи доаѓале токму од опозицијата која денес заедно со ДУИ сака да изврши блокада на ова законско решение.

Впрочем суштината на јавната расправа е што од истата произлегуваат предлог идеите за суштински амандмани со кои се подобрува законското решение, а сега законот е токму во таа фаза.

Дополнително, со тоа што во скратена постапка првото и второто читање на законите е споено, а потребата на законот е веќе изгласана и пратена во процедура, ова е единственото време кога расправата вреди да се одржи.

Останувам на ставот дека јавна расправа треба да има и ќе има, независно дали истата ќе се одржи во собраниската сала, во холот на Собранието или можеби во некоја конференциска сала надвор од собранието, макар нарекувајќи ја и јавна дебата за промена на изборниот модел со која се предвидува една изборна единица, еднаква родова застапеност и отворени листи за локалните избори.

Фејсбук статус на екс генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.