СПАСОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА, ГРАЃАНИТЕ, МЕДИУМИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ

0
372

Спасовски се заблагодари на македоскатс полиција, граѓаните, медиумите и медиумските работници.

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев.