(ВИДЕО) Манчевски: Нема услови за регуларни избори, на 5-ти јуни избори нема!

0
1295

Вечерва не сакам да зборувам како политичар, вечерва зборувам како човек којшто протестира, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Бев тука и лани, на тој 17-ти мај кога протестирав со 70 000 луѓе, бев и 60 дена овде со сите оние храбри луѓе коишто издржаа во таа борба против режимот. Се уште сум тука и се уште протестирам. Протестирам веќе 10 години и горд сум затоа што протестирам со вас сите, различни, шарени, луѓе коишто до вчера не се познававме. Граѓанки и граѓани коишто се борат за слобода, за правда, за демократија.

Некои се борат и протестираат за бесплатно здравство, некои се борат за подобар живот. Сите сме заедно тука затоа што се бориме за заедничко подобро утре, рече Манчевски.