(ВИДЕО) Филипче и Жерновски домаќини во Скопје на министрите за здравство од Југоисточна Европа: Унапредувајќи ја регионалната соработка со земјите од ЈИЕ, разменуваме позитивни практики и искуства во интерес на подобрување на грижата кон пациентите

0
1091

Во рамки на овогодинешното македонско претседавање со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, а во координација со Извршниот Комитет и Секретаријатот на оваа регионална организација на 20 и 21 јуни 2019 година во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржува редовниот 41. Пленарен состанок на ниво на националните координатори на државите членки, нејзините партнери, како и други високи гости и пријатели на оваа регионална организација со седиште во Скопје.

Главна тема покрај редовните активности на оваа регионална иницијатива е и една од најголемите предизвици во регионот, а тоа е спречување на процесот на заминување на младата работоспособна сила од областа на медицината.