СПАСОВСКИ : ПРАЗНИЧНО, ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ ВО МАНАСТИРОТ „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА” ВО СЕЛОТО МАТЕЈЧЕ, КАДЕ ЗАПОЧНУВА ДОЛГООЧЕКУВАНАТА РЕКОНСТРУКЦИЈА

0
348


Низ разговорите со граѓаните се согласивме дека оваа реконструкција е од големо значење за нив, а придонесува кон почести посети, кон враќање на сјајот како на манастирот, така и на туризмот и можностите за рекреација на граѓаните во овој дел.
Самиот манастир е изграден во македонски стил заедно со конаците кои беа уништени по конфликтот од 2001.

Со средства од Владата и Министерството за култура го реконструираме манастирот како еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва и најважните некогашни книжевни центри, особено во XV век.Во 2021 година на барање на НУ Национален конзерваторски центар беше одобрен проект за заштитни интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата во Матејче во износ од 1.000.000 денари, а во текот на 2020 година на барање на оваа надлежна установа беа одобрени 300.000 денари за реализација на ургентни превентивни интервенции на црквата.