МВР И ОЈО ИСТРАЖУВАА(Т) : ЧЕТИРИ МЕЧА ВО МАКБАСКЕТОТ БИЛЕ – НАМЕСТЕНИ!?

0
347

Светскиот вирус со потенцијални наместени спортски натпревари полека ја зафатува и македонската кошарка, откако, неофицијално, дознаваме дека Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе неколку месеци водат истрага за четири мечеви од Втората лига за кои се сомнева дека биле – лажирани.

Ако во светот најчесто „местенки“ се случуваат за некаква корист од обложувалниците, во овој случај, пријавата е дека постои сомневање во регуларноста на исходот поради пласманот на табелата во борбата за место во плејофот во минатото првенство. Таа дошла од еден од засегнатите клубови, поради што на неодамнешниот составот на екипите од Втората лига учесниците биле предупредени дека и во иднина ќе се нема милост за вакви евентуални проблеми и дека казните за тоа се ригорозни. Според Правилникот за натпреварувања во сениорските лиги, „доколку комесарот за натпреварување, по спроведена постапка, утврди дека одреден натпревар е лажиран, екипата(те) учесник(ци) во овој прекршок ќе биде(ат) исклучена(ни) од натпреварувањето и ќе се префрли(ат) во два степена понизок ранг на натпреварување“.

Секако, ова е само спортскиот дел од казната, бидејќи постои можност за кривично гонење и казнување, ако МВР и ОЈО докажат дека постоел ваков прекршок, каков што досега не е забележан во историјата на македонската кошарка, барен не бил официјално докажан. Четирите меча за кои се води истрага се од последните две кола од минатото второлигашко првенство, а во интерес на истрагата нема да ги објавиме имињата на клубовите инволвирани во овие, наводни засега, „местенки“.

Македонските екипи и кошаркари во моментов се дел и од една друга страга за „местенки“, таа што ја води Светската кошаркарска федерација (ФИБА), за искоренување на обложувачкото влијание врз овој спорт. Засега има доживотно казнети актери од Србија, Црна Гора, БиХ и Косово, меѓу кои има и поранешен член на нашиот Кожув, Никола Павловиќ, но имаме информации дека под истрага се и други српски играчи кои играле во македонското првенство, како и кошаркари од нашата држава.