ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА АРСОВСКА ОСТВАРИ ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА СО БОРЦИТЕ НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА АНТИФАШИСТИЧКА ВОЈНА НА МАКЕДОНИЈА

0
544

По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, оствари традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, посакувајќи им добро здравје и понатамошна успешна соработка.

Воедно градоначалничката Арсовска, изрази благодарност за храброста, силата и упорноста во борбата за слобода за Скопје и Македонија, за сите нас и идните генерации.

Почитта кон нашите народни херои и пожртвувани борци, нивниот непокор не потсетува колку е важно да ја почитуваме и паметиме жртвата која борците ја дале за денес да живееме во слободно Скопје.

Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.