КАЕВСКИ : МИЦКОСКИ Е ПОД ПРИТИСОК НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ КОИ СЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

0
404

Одговор на новинарско прашање на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ :

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку спинови и лажни соопштенија да го одвлече притосокот што го има од неговите поддржувачи во ВМРО-ДПМНЕ коишто се убедени дека европскиот пат е и единствениот пат на оваа држава и дека уставните измени мора да се случат и оттука се таквите тенденции и таквите коментари.

Верувам дека кога ќе влезе процесот во Собранието ќе бидете уверени дека сите пратеници од владејачкото мнозинство, вклучувајќи на голем број пратеници и од опозицијата ќе бидат ЗА со аргументи и ставови за уставните измени, како што кажав и претходно затоа што се важни за европскиот напредок на државата, важни сме затоа што сме ветиле пред граѓаните дека ЕУ е наша децениска аспирација и ние како политичари од оваа генерација сме должни тоа да го оствариме.