СПАСОВСКИ : ОД 2006 ДО 2015 ИМАМЕ 331 УБИСТВО, ОД КОИ 38 НЕРАСВЕТЛЕНИ И 13 НЕРАСЧИСТЕНИ УБИСТВА ОД 2017 ДО ДЕНЕС 128

0
313

Фактите говорат дека од 2006 до 2015 имаме 331 убиство, од кои 38 нерасветлени, а од 2017 до денес 128 убиства, а само 13 нерасчистени.

Во однос на прашањето околу криминалитетот и убиствата низ аргументи, факти и бројки да направиме компарација за периодот на ова раководство на МВР наспроти периодот кога со институциите раководеше претходната власт.

▶️За периодот од 2006 до 2015 година вкупно има извршено 331 убиство од коишто 38 се нерасветлени. Тоа е периодот во којшто денешната опозиција е власт и ги предводи институциите.

▶️Од периодот на 2017, па сѐ до денеска имаме 128 убиства од коишто само 13 се нерасчистени.

Ова покажува и во обемот на намалување на криминалитетот – вкупен, меѓутоа и во делот на откривачката дејност – колку таа е зголемена.

Ако зборуваме за криминалитетот вкупно во државата, за првите 9 месеци имаме намалување за 11% на криминалитетот, за разлика од минатата година или споредбено со 2022 година.

Тоа е тенденција – да се намалува вкупниот криминалитет, да се зголемува ефикасноста, која годинава е зголемена за 4% во овие први 9 месеци.

Ова се аргументи и факти кои треба во секоја прилика да ги изнесуваме во јавноста.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.