(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ИМААТ ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ И ОКОЛНИТЕ СЕЛА : Со влезот во ЕУ, на македонските земјоделци им се отвора пазар од 500 милиони граѓани!

0
1264

Вчера, во целодневна работна посета на општина Прилеп престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при што оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски. На средбата се разговараше за стандардот на земјоделците и за иницијативата на Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски, за одделување средства од општинскиот буџет, со кои ќе бидат обештетени земјоделците кои претрпеа штета од невремето кое во јули го зафати прилепскиот регион.