КОВАЧЕВСКИ : ЈАС СУМ ПРЕДВОДНИК НА КОНЦЕПТОТ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНСКА ИДНИНА!

0
500
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, придружуван од генералниот секретар Миле Зечевиќ, денеска заедно со граѓаните на Прилеп и прилепско присуствуваше на традиционалниот народен собир во манастирот „Свети Димитрија“ во с.Селце.
Во обраќањето пред граѓаните претседателот Ковачевски рече тој е предводник на конпцептот за Европска Македонија кој значи заштита на македонската традиција и идентитет и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани.
-Државата денеска има два концепти, едниот концепт на чие чело сум јас, тоа е концептот за Европска Македонија. Тоа е концет кој значи европска иднина, со кренати глави, заштитен македонски јазик, заштитен идентитет, да седиме на големата маса во Брисел, рамноправни. Што се потврди сега и со договорот со Форнтекст кој наскоро треба да го потпишеме. И јас го делам чувството на нашиот народ и ми беше тешко во разговорите и тоа го кажав како некој да ве сече со нож во стомакот. Но, на крајот на денот мора да се донесе одлука, да се обезбеди европска иднина. И тоа се очекува од некој што го води својот народ. Другиот концепт е оној на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој концепт ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ. Имаме многу јасна разлика. Знам дека патот до ЕУ ќе биде тежок но ние сме подготвени и вредни. До 2030 година можеме да станеме членки на ЕУ. На тој пат предизвици ќе има но граѓаните ќе бидат горди, со крената глава и побогати од тоа што се денеска. Тоа е тоа за што јас се залагам.  Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, со подобар живот, со подобар, европски животен стандард, рече претседателот Ковачевски.
Ковачевски додаде дека СДСМ е чувар на македонската традиција и предводник на македонската европска иднина.
-Тоа е вистинскиот патриотизам денеска! Ние сме чувари на македонската традиција и носители, предводници на македонската европска иднина. Денеска сите ние сме на вистинската страна, тоа е страната на напредокот, на развојот и интеграцијата. рече претседатеот Ковачевски.
Зборувајќи за мерките и политиките на Владата на СДСМ за заштита на граѓаните и компаниите во услови на најголема економска и енергетска криза.
-Двојно ја покачивме минималната плата уште на почеток на мојот мандат. За само неколку месеци пензиите оваа година два пати ги зголемивме за 10% и тоа за сите 330.000 пензионери. Со новата методологија што ја усвоивме, пензиите ќе продолжат да растат и за период од 12 месеци ќе имаме поголеми пензии за 16%. Просечната плата исто така постојано расте. Реализираме два пакети антикризни мерки вредни 700 милиони евра. Во духот на социјалдемократијата ги помагаме ранливите граѓани, оние на кои во криза помошта им е неопходна. Државата субвенционира 80% од сметките за струја за домаќинствата и за 72.000 компании. Обезбедивме доволно храна, енергенси и парно. Никој нема да биде оставен сам во време на криза, заедно ќе се справиме со сите предизвици, рече претседателот Ковачевски.
Традиционалниот граѓански собир во с.Селце се одржува по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, во организација на Општинската организација на СДСМ Прилеп.