ХОРХЕ НА ДЕНОТ НА АРМ И ЕБА МАЈКАТА со рекордни 15 укази на РЕШЕНИ И РАЗРЕШЕНИ ГЕНЕРАЛИ, а потоа вообичаено ПЛУКАШЕ ПО ГРЦИЈА!

0
1295

Од вкупно 8 формациски маста со чин генерал во структурите на АРМ, има промена на 6 генералски места со напредување со систем во кариера. Разрешени се 5 генерали од кои четворица исполнуваат услови за пензија, а еден генерал се поставува на друга должност.

ivanov sam

Поставени старешини на формациско место генерал во структурата на АРМ вкупно се 6 генерали од кои тројца се унапредени во повисок чин.

Разрешени се: Началник на ГШ; Заменик  Начелник на ГШ; командант на ЗОК; Заменик командант на ЗОК; Началник на штаб на ЗОК и Командант на Прва Бргада.

Рекордни 15 укази за поставување на старешини на формациски места генерали, унапредување и разрешување на генерали донесе денеска Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на вооружените сили Горѓе Иванов.

Досегашниот НГШ е поставен за државен советник за одбранбени и стратегиски прашања а должноста ќе ја извршува во Кабинетот на Претседателот како советник за воени прашања на Врховниот командант.

Дел од неговата идна мисија се активностите за следниот самит на НАТО во Варшава и подготвување на стратегиските документи за системот за одбрана и членството на Македонија во НАТО.

Директорот на Генерал Штабот, генерал мајор Димче Петровски останува да ја извршува оваа должност до поставување на друга должност.

Разрешени се 4 генерали ветерани кои исполнуваат услови за пензионирање со што ослободуваат формациски места за поставување на старешини за генерали и нивно унапредување во чин генерал.

Разрешени се поранешниот началник на генерал штабот и сегашен државен советник за одбранбени и стратегиски прашања, генерал потполковник Мирослав Стојановски, сегашниот заменик началник на генералштабот, генерал потполковник Насер Сејдини кој продолжува да извршува функција член на Советот за безбедност на Република Македонија, началникот на штаб во здружената оперативна команда, бригадниот генерал Димчов Стојан и поранешниот одбранбен преставник во мисијата на НАТО со најголем мандат од 5 години во Брисел и сегашен советник за НАТО во Министерството за одбрана, бригадниот генерал Дракалски Бранко.

Врховниот командант го постави и унапреди во чин генерал потполковник досегашниот Командант на здружената оперативна команда, генерал мајорот Методија Величковски кој од 13.03.2012 година ја врши должноста Командант на ЗОК.

За нов заменик началник на генерал штабот е поставен и унапреден во чин генерал мајор, досегашниот заменик на здружената оперативна команда, бригадниот генерал Мухамет Рацај.

Врховниот командант го постави командантот на ПСО бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски за нов Командант на Здружената Оперативна Команда.

Командантот на 1вата Механизирана Бригада во ЗОК, бригадниот генерал Павле Арсовски е поставен за заменик Командант на Здружената оперативна команда.

Унапреден во повисок чин бригаден генерал е досегашниот полковник Азим Нуредин кој е поставен на формациско место началник на штаб во Здружената Оперативна Команда а продолжува да врши должност Аѓутант на Врховниот командант.

Полковникот Зоран Милески е поставен за командант на 1ва Механизирана Бригада во ЗОК.