СПАСОВСКИ НА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД 68 ГОДИШНИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП И 95 ГОДИНИ РУДАРСТВО ВО ПРОБИШТИП

0
364

Денеска, (28.08.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, се обрати на Свечена седница по повод одбележувањето на традиционалната манифестација чествувањето на Денот на рударите 28 август, датум на кој што воедно се одбележува и 68.Годишнината од постоењето на општината Пробиштип.

„Секогаш е задоволство да се биде гостин во Општина која ниже успеси, којашто се развива низ проекти кои се од интерес за граѓаните и која од година во година може да покаже дека е понапред од претходната година. Слободно можам да кажам дека Пробиштип стана препознатлива како општина која е многу понапред од другите општини, не само во регионот туку и пошироко, и сметам дека е една од општините која интересот на граѓаните го става пред се’ и затоа секојдневно се борат за проекти за финансирање на активности и се’ она што е потребно за развој на градот, за зголемување на квалитетот на живот. Едноставно локална самоуправа која се бори за секој еден граѓанин”, истакна министерот Спасовски во своето обраќање. Притоа, тој ја потенцираше добрата соработка на локалната самоуправа со рударите.

„Исклучително е важно што постои добра соработка помеѓу Општината и рудникот, или генерално стопанството во општината. Пробиштип како рударски град навистина заслужува да биде поддржан во секој поглед, меѓутоа најмногу да бидат поддржани рударите, да бидат поддржани работниците. Тоа е основно мото на нас како Влада која како иделогија ја има поддршаката на работниците, граѓаните, земјоделците, оние кои најмногу им е потребна таа помош. Како Владата стоиме на располагање за граѓаните на Пробиштип за секој еден проект од интерес на граѓаните. Им честитам на сите рудари затоа што со својата посеветена работа придонесуваат за развој на општината и државата”, рече министерот Спасовски.