МАРИЧИЌ : ДА ПОБРЗАМЕ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ВО 2030 ГОДИНА

0
410

Денеска на официјалното отворање на Бледскиот стратешки форум, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во своето воведно обраќање испрати порака дека Европската унија мора да е подготвена до 2030 година за проширување.Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кој исто така е учесник на Бледскиот стратешки форим на својот Фејсбук профил напиша дека „2030 е годината која и ние ја определивме како целна година за членство во ЕУ, што е доказ дека со нашите европски партнери имаме иста цел“.

„После 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. ЕУ во наредните месеци треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето на ЕУ и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила“, вели Маричиќ, посочувајќи дека и ние треба да донесеме важни одлуки за иднината на државата и како сакаме да ја развиваме.

Според Маричиќ не станува збор само за државнички процес, или пак само за стратешка цел, туку дека се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата.„ЕУ испорача временска рамка и дава извесна европска перспектива на регионот за евроинтеграција, затоа чекањето не треба да е стратегијата што ја бираме. Наша обврска е да го искористиме моментот и со заедништво да ги завршиме задачите, со посебен фокус на реформите, да побрзаме 2030 Северна Македонија да е држава членка на ЕУ“, порачува Маричиќ.