(ВИДЕО) ШЕФИЦАТА НА УЈП, ЛУКАРЕВСКА : ЗА ФЕВРУАРИ НА 11.694 РАБОТОДАВАЧИ Е ИСПЛАТЕНО 851.157.045,00 ДЕНАРИ ЗА 53.348 ВРАБОТЕНИ, А ЗА МАРТ НА 11.197 РАБОТОДАВАЧИ ИСПЛАТЕНО Е 808.322.501,00 ДЕНАРИ ЗА 50.876 ВРАБОТЕНИ

0
780

На денешната прес-конференција, директорката на Управата за јавни приходи ја информираше јавноста за искористеноста на мерката Финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година како и за неисплатените плати од страна на компаниите кои ја добиле оваа финансиска поддршка, а истата не ја исплатиле на работниците.

За февруари на 11.694 работодавачи е исплатено  851.157.045,00 денари за 53.348 вработени, а за март на 11.197 работодавачи  исплатено е 808.322.501,00 денари за 50.876 вработени.

Од овие работодавачи рече Лукаревска, 181 работодавачи за некој од месеците февруари и март не исплатиле плата на своите вработени, од кои 157 работодавачи не исплатиле плата за еден месец, а 24 работодавачи не исплатиле плата за двата месеци. Не се исплатени вкупно 753 месечни плати. Одобрената, а неисплатена финансиска поддршка е во износ од 2.738.715,00 денари за месец февруари и 9.333.193,00 денари за месец март, или во вкупен износ од 12.071.908,00 денари, оваа состојба е заклучно со 31.05.2021 година.