СДСМ: За зајакнување на економијата, украдените пари ќе се враќаат во буџетот

0
1238

,,Граѓаните ќе дознаат и ќе видат какви злоупотреби се правени и за каков луксуз се трошени нивните пари во изминатите 11 години што предизвика 500.000 граѓани, заради таквото расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, да живеат под прагот на сиромаштијата“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека, „тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.“

„Украдените пари ќе се враќаат во буџетот и тоа е еден од начините како ќе се зајакнува економијата и како ќе се отвораат реални работни мести. Заврши времето кога иселувањето на младите, бришењето на невработените од евиденција, и нарачани бројки од контролирани институции, ВМРО-ДПМНЕ можеше да го прикажува како намалување на невработеноста“, велат од СДСМ.