НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА КОИ ДВА ЗБОРА ГИ ИМАШЕ НА ОГОВОДИНЕШНОТО МОТО НА ШКОЛАТА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ НА ХОРХЕ!

0
1471

horhe-ivanov-lideri

Хорхе денеска ја отвори неговата летна школа за млади лидери во Охрид. На таблата позади него имаше нафрлано тешки зборови за да се даде претенциозност на оваа патетична посрана театарска престава која во основа е награда за најревносните јунген јуришници на режимот да си го дрват патлакот на државен трошок во скапиот хотел Инекс Горица. Два збора особено штрчеа, ОДГОВОРНОСТ и ЕТИКА?!?!

ЕЕЕЕЕЈ, Хорхе ќе не учи на ОДГОВОРНОСТ и ЕТИКА после се што ни се случи, после сите бомби, каде што слушнавме кражби, закани, упади, планирање на шамарање на градоначалници, упади во медиуми, избирачки депоа, милионски проценти, жена му на Хорхе изигравала директорка на аеродром па потоа нејзините писма биле затворени во сефови во МВР, видовме министер кој тепаше новинар и уво не му чуе и редица други лудории за кои Хорхе на Телма изјави дека се само погрешна перцепција?! И после сето тоа, Хорхе сега ќе ни држи лекции во скапиот Инекс Горица за тоа што е одговорност и етика?!

Откако го вработи кај себе Ивица Боцевски како награда за неговото лижење кај Грујо пред јавноста, откако секој ден гледаме како редица новинари и експерти се наградени кој со милиони кој со фуинкции кој со тендери, и после сето ова Хорхе ќе не учи на етика?! Неверојатно, овие паразити се навистина безобразни гадови и пицајзли!