СПАСОВСКИ И ТАСЕВСКИ ГО ,,ЧЕШЛААТ” ГРЧЕЦ, ГОЛЕМИ НАРКО БОСОВИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ

0
842

Во рок од две седмици полицијата предводена од министерот Спасовски уапси три крупни риби од нарко бизнисот во озлогласеното скопско село Грчец. Денеска медиумите пренесоа за спектакуларното апсење среде Грчец, кога пред полициските тигри падна нарко босот Иљаз Муареми, кој се обидел да бега со четирицикл, но бил совладан и уапсен.

Претходно, во текот на овие две недели, тигрите „спакуваа“ уште две крупни риби од нарко бизнисот- Селам Селами и Орхан Емини, инаку внук на познатиот Шеваљ Муареми. Очигледно е дека нема шега со полицијата на Спасовски. Се чистат криминалците, а тоа јасно го поздравуваат и граѓаните и странските амбасади.