МТСП : ПОВЕЌЕ СРЕДТСТВАТА НА ОПШТИНИТЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

0
326

Согласно одлука донесена на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика денес потпиша 5 договори за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на реализација на средства од капитални дотации. Министерството потпиша договори со Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров, Општина Аеродром, и Општина Карпош.

Со потпишувањето на договорите за проекти, Владата на Република Северна Македонија преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика доделува на општините над 4 милиони евра.

Соработката на централната и локалната власт продолжува. Со потпишувањето на договорите Владата уште еднаш покажа дека потребите на граѓаните и развојот на општините е на прво место.