Зоран Заев: Какви странски служби, какви комбиња, каква шпионажа, или пучови, Сашо Мијаклов и Никола Груевски со години неовластено прислушувал!

0
1193

zaev 28 apr

– Материјалите што денеска ќе ги споделиме со јавноста во Македонија ќе го потврдат она што го говориме од самиот почеток. Податоците за нелегалното прислушување потекнуваат од постојниот систем за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Какви странски служби, какви комбиња, каква шпионажа, или пучови. Сашо Мијаклов и Никола Груевски со години неовластено прислушувале граѓани на Република Македонија. Еве на кој начин се воделе евиденциите од прислушуваните од страна на власта, рече Заев на почетокот од објавувањето на новата „бомба“ за криминалите на власта.