СПАСОВСКИ : ИНЦИДЕНТОТ ВО ОХРИД Е ДЕЛ ОД ХИБРИДНА ВОЈНА, ТЕПАЧИТЕ И ТЕПАНИОТ СЕ ОД ИСТА ГРУПАЦИЈА!

0
457

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“.

– Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран.

На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно – рече Спасовски. Спасовски потенцира дека последните случувања се дел од поголемо сценарио, зад кое стојат одредени неодговорни политичари кои, според него, не сакаат да имаат добри односи во регионот.