ОПААААА, АМИ СЕГА ШУ ПРАИМЕ?! АМБАСАДАТА НА САД СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА : КОМЕНТАРИТЕ НА ЏАМБАСКИ БЕА НЕОДГОВОРНИ И ОПАСНИ, БЕЗУСЛОВНО ГИ ОСУДУВАМЕ СИТЕ ЗАКАНИ СО НАСИЛСТВО

0
768

Коментарите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски беа неодговорни и опасни, а САД безусловно ги осудуваат сите закани со насилство, велат за „360 степени“ од амбасадата на САД во земјава. „Низ овие прашања треба да се работи со дијалог, а не со реторика, и ние повикавме на деескалација на секој агресивен јазик од двете страни на границата“, велат од американската амбасада одговарајќи на прашањето, дали имаат коментар за последните изјави на европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски и препораката од Советот за безбедност при претседателот на државата да се забрани влез на европратеник и на уште неколку граѓани на Бугарија поради безбедносни причини.

Џамбаски вчера во изјава за бугарска Нова, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата тој да биде прогласен за персона нон грата, индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на атентатот на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Изјавата на Џамбаски денеска ја коментираше и евроамбасадорот Дејвид Гир посочувајќи дека таа може да се протолкува како закана, но и дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

Тој вели дека тврдењата на пратеникот во Европскиот парламент, а кои се однесуваат на територијални претензии, не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ. „Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на суверена држава“, рече Гир. Забрана за влез на одредени личности или прогласување за персона нон грата е прашање во доменот на националната безбедност и на Советот за национална безбедност, вели извор од Европската Унија (ЕУ) на прашањето што мисли за препораките што произлегоа од последниот состанок на Советот за безбедност со кој раководи претседателот Стево Пендаровски. Истиот извор не сака да влегува во коментар на конкретната ситуација.