Борче Георгиевски : Ова е денот кој секој од нас кој што ја искуси таа горчина, вечно ќе се сеќава на страшната слика од природната непогода

0
888

Поминаа 4 години од катастрофалната поплава која на 06 август 2016 година во Стајковци, Синѓелиќ, Смилковци, Црешево, Виниче, Страчинци, Брњарци и Арачиново остави пустош зад себе и за кратко однесе 24 човечки животи.

Ова е денот кој секој од нас кој што ја искуси таа горчина, вечно ќе се сеќава на страшната слика од природната непогода. Но и на хуманоста која доаѓаше од сите страни како на Скопје и земјата, така и од странство, каде сите заедно се боревме за да спасиме човек повеќе.➡️Изминатиот период, како општина презедовме повеќе мерки за превенција и долгорочно решавање на овој проблем. Ја саниравме патната инфрастуктура на улиците кои што беа погодени од поплавата. Каналите редовно ги чистиме, а подготвен е и проект за изградба на нов ободен канал покрај обиколницата, со цел да ги собира отпадните води кои доаѓаат од Скопска Црна Гора, проект кој ќе ги заштити населените места и земјоделски површини.

🌳Извршивме и масовно пошумување на Скопска Црна Гора со цел да спречиме ерозија, а забранивме сечење на шумата во овој предел. Ја усвоивме и применуваме Студијата за ерозија, која има за цел да превенира нова катастрофа.

❗️Сакам да порачам дека општина #ГазиБаба секогаш ќе води сметка оваа трагедија никогаш да не се повтори, вложуваме во секој сегмент кој придонесува за спречување на поплава и го даваме нашиот максимум за тоа, но мора да ја имаме и поддршката од вас граѓаните. Да ни помагате одржувајќи ја животната средина чиста, каналите да не ги претвораме во депонии, а шумите да не ги сечеме. Само така можеме да успееме никогаш повеќе да не се повтори ваква непогода.