АНТИВАКСЕРКАТА ГОРДАНА ГОЏО НАПРАВИ ХАОС ПРЕД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ КАДЕ УЧИ НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА БИДЕЈЌИ НЕ САКАЛА ЌЕРКА И ДА НОСИ МАСКА

0
1943

Една од предводниците на протестите против ковид мерките кои се одржаа минатото лето, антиваксерката Гордана Гоџо, сними вербален конфликт пред влезот на основно училиште каде вработените не и дозволуваат на нејзината ќерка да влезе без заштитна маска.

Вработените на училиштето инсистираат на почитување на ковид протоколите, кои налагаат секое од децата да носи заштитна маска и да му биде измерена температура при влез во училиштето, додека Гоџо инсистира нејзината малолетна ќерка да присуствува на часовите без да носи заштитна маска.

Инаку, Гордана Гоџо е активистка која сечеше маски за време на протести, во знак на револт и искажувајќи непочитување кон мерките. За време на нејзин говор, присутните извикуваа “убијци, убијци” за докторите.