АРИЈАНИТ ХОЏА : АРТАН ГРУБИ И ЕДИ РАМА СЕ ДИЛЕТАНТИ КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ КОСОВО

0
470

Аријанит Хоџа од Беса преку социјалните мрежи упати силни критики кон вицепремиерот на Македонија, Артан Груби.

„Да седнеш на маса со Србија, која е главен сојузник на Русија, и да направиш регионална иницијатива како „Отворен Балкан“, каде што се заобиколува и ослабува меѓународната позиција на Косово, а во исто време да ги имаш на располагање бланко гласовите на Албанската опозиција за евроинтеграциите (антируски) и да ја наречеш албанската опозиција деструктивен проруски фактор, тоа може да го направи само политички дилетант како Артан Груби, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда“, напиша Хоџа.